Екипата на Сан Диего Падрес ја запиша својата осма последователна победа, откако синоќа ги надигра ЛА Доџерс со 7-2.
За Доџерс, ова беше петти пораз во последните осум средби.
Имено, Доџерс поведоа со 1-0 во третиот ининг, а последниот почесен поен го забележаа на самиот крај.
Во меѓувреме, во шестиот, во седмиот и во осмиот ининг, Падрес ги освоија сите свои поени, а Трент Гришам и Вил Мајерс постигнаа по еден хоум-ран.
Моментално, Падрес, со 32-17, се на чекор до првопласираните Доџерс (33-15) во Западната дивизија на Националната лига.



