ЖФК Деспина во рамките на шестото коло од Прва ЖФЛ во Пелагониското дерби против ЖФК Атлетико од Битола остварија висок триумф против младата и талентирана екипа со резултат од 11:0, а на полувреме резултатот гласеше 5:0.
Триумфот беше остварен со постигнати три хет-трика на три разлчични фудбалерки и тоа Кате Милеска, Ангела Стојковска и Јана Чубриноска, а Елена Бошковска, Симона Тасева и Сара Петреска постигнаа по еден гол.



