На стартот на женската Лига на шампиони Цска Москва приреди големо изненадување и ремизираше против унгарски Ѓер со резултат од 24:24 на полувреме беше 14:14.
Македонската репрезентативка Сара Ристовска во рускиот состав одигра одлична средба во која што постигна три гола од четири обиди. Во тимот на Ѓер најефикасна заврши Кристијансен со седум гола. Во наредно коло Ристовска со Цска гостува во Подгорица против Будуќност.



