На стартот на кошаркарската лига која е закажана за 3 октомври веднаш во прво коло ќе се судрат ривалите Работнички против МЗТ Скопје, додека дебитантот во лигата струшки КК Црн Дрим ќе гостува во Скопје против екипата на Вардар.
Во останатите натпревари од прво коло исто така дебитантскиот тим во лигата ТФТ ќе го пречека Куманово, Академија ФМП игра против Гостивар, Кожув против Пелистер и втората екипа на МЗТ Скопје ќе се соочи против Еуро Никел.



