Вотфорд и Мидлсброу ја отворија новата Чемпионшип сезона со нивниот меѓусебен дуел на ,,Викерејџ Роуд”.
Имено, првата победа во сезоната ја забележа повратникот од Премиер лигата, Вотфорд, кој беше подобар со 1-0.
Играта беше релативно балансирана, а единствениот гол на мечот, воедно и првиот во сезоната, го постигна дефанзивецот на Вотфорд, Крег Каткарт, во единаесеттата минута по асистенција на Кен Сема.
Последната победа на Мидлсброу над денешниот ривал датира од 6 октомври 2012, во десеттото коло од Чемпионшип, кога славеа со 1-2.



