Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, е дисквалификуван од тековниот УС Опен.
Србинот, во осмина-финалето, играше против Шпанецор Пабло Карењо-Буста, кој направи брејк за да поведе со 6-5 во првиот сет.
Во тој момент, Ѓоковиќ неспретно ја упати топката настрана, која несреќно заврши во главата на линискиот судија.
Во четврт-финалето, Карењо-Буста ќе игра против победникот од Денис Шаповалов и Давид Гофан.



