Вечерва на турнирот во Атина, Грција екипите на Еурофарм Пелистер и АЕК откако во првите две кола славеа лесно против Анортозис од Кипар и Диомидис од Грција oдиграа натпревар за трофејот. На крајот се радуваа домаќините со 31-29 (полувреме 17-12).
АЕК одигра одлично и водеше во текот на целиот меч на моменти и со 8 разлика и сосема заслужено славеше победа.



