Фудбалерот на Парма кој направи голем трансфер во тимот на Јувентус, Дејан Кулушевски на вчерашниот меч за Шведска против Франција доби дваесет минути да ги покаже на терен своите квалитети, во натпревар во кој што ,,Галските петли” дојдоа до минимален триумф од 0:1.
По натпреварот Дејан Кулушевски ја даде следнава изјава:
,,Немав време да влијаам на резултатот, бев шокиран. На тренингот се поминуваше во најдобар ред, но тоа е фудбалот. Сепак се обидувам да ја почитувам одлуката на селекторот иако не сум задоволен од минутажата”.
Селекторот на Шведска, Јане Андерсон возврати на изјавата на Кулушевски:
,,Не разговарам директно со него, но ако така изјавил значи така се чуствува. Мене не ми изгледаше шокиран, изгледаше супер на терен и мислам дека во вторник ќе биде спремен за ново докажување против Португалија”.
На целата ситуација се надоврза легендарниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ кој кажа дека ова не е шега и дека има погрешни луѓе во репрезентацијата и дека треба да игра секој оној кој е квалитетен и спремен.



