Во фер и коректен натпревар од четврто коло од Прва ЖФЛ, на стадионот ,,Јован Мандаровски” во Скопје, домашната екипа на Жфк Скопје триумфира на рутински начин против тимот на ЖФК Речица со резултат од 4:0.
Заслужни за новите три бода се капитенката Афродита Салихи која постигна два гола, додека придонес за победата имаа уште Марина Митревска и Гегова Драгана со по еден постигнат гол.



