Во тек е четврто коло од Прва ЖФЛ во кое што шампионот ЖФК Каменица Саса стигна до нова победа и има стоотстотен учинок во досегашниот тек на првенството со максимален број освоено бодови.
На стадионот во Македонска Каменица, домашниот тим на ЖФК Каменица Саса оствари триумф над ЖФК Борец од Велес со резултат од 8:0. Во фер и коректен натпревар, гостинската екипа во склоп на своите можности се обидуваше да стигне на што поподнослив пораз.
Две фудбалерки во победничкиот табор остварија хет-трик и тоа искусната Ана Димотровска како и нејзината помлада колешка Рабија Дервиши, додека Марјана Ману Нацева беше двоен стрелец.



