Екипата на Металург загуби од Спачва во Винковци со 29:25, но поради победата од 35:28 на првиот дуел обезбеди место во второто коло во Лигата на Европа.

Спачва – Металург 29:25 (14:14)
Спачва: Јуриќ, Марош, Вашаревиќ 3, Над 9, Чичак 5, Бунтиќ 5, Вигњевац 2, Блашковиќ, Пашагиќ, Михаљевиќ, Боланца 1, Д.Радовиќ, Божиќ 2, М.Радовиќ 1, Ромиќ и Недиќ 1. Седмерци: 4/5. Исклучувања: 6 минути.
Металург: Дупјачанец (7 одбрани), Ѓорѓески, Кондев, Канкараш 5, Поповиќ 2, Шилегов, Хорват 4, Мариќ 5, Серафимов 2, Лазаревски, Младеновиќ, Тарабокија 3, Рниќ 1, Додиќ 1, Потиќ 2 и Маркоски. Седмерци: 1/1. Исклучувања: 12 минути.



