,,Мајсторката” од четврт-финалната серија помеѓу Колорадо Аваланш и Далас Старс го донесе вториот полуфиналист.
Станува збор за тимот од Тексас, кој синоќа славеше со 4-5 после продолжение.
Во регуларниот дел, головите беа постигнувани наизменично, а за Далас, по двапати погодија Александар Радулов и Јоел Кивиранта.
За Колорадо, мрежата на Антон Худобин, двапати ја затресе Владислав Наместников, а по еднаш, во листата на стрелците, се запишаа Андре Бураковски и Назем Кадри.
После седум минути игра во продолжението, победата на Далас му ја донесе Кивиранта, со својот трет гол на мечот. Досега, Финецот имаше постигнато само еден гол во дресот на Старс, но се покажа како клучен елемент за пласманот во полуфиналето.
Во конференциското финале, Далас ќе ги одмери силите со Вегас Голден Најтс, кои исто така, со многу мака преку ,,мајсторка”, ја совладаа аутсајдерската екипа на Ванкувер Кенакс.



