Оукленд Атлетикс го запишаа третиот пораз во низа, откако синоќа беа оставени на ,,нула” од Сан Диего Падрес, кои беа подобри со 0-7.
Првите четири поени, Падрес ги постигнаа со освојување на бази, додека последните три беа хоум-рани.
По еден хоум-ран забележаа Фернандо Татис Џуниор (14. хоум-ран сезонава), Мани Машадо (12. хоум-ран сезонава) и Луис Кампусано (дебитантски хоум-ран во МЛБ).
Сан Диего Падрес, оваа сезона, трипати постигнаа два хоум-рани во низа. Сите три, односно шест поентирања, беа дело на Фернандо Татис Џуниор и на Мани Машадо.
Со оваа победа, Падрес дојдоа до 24-16 и останаа на второто место во Западната дивизија на Националната лига, додека Атлетикс се први во Западната дивизија на Американската лига со 22-13.



