Хјустон Рокетс поведоа со 1-0 во конференциското полуфинале против Лос Анџелес Лејкерс, откако синоќа победија со 97-112.
Лејкерс имаа резултатска позитива само во воведните минути од мечот, а оттогаш, па натаму, на ,,сцената” се појави Хјустон, кој во еден момент имаше и деветнаесет поени предност.
Најефикасен на оваа средба беше Џејмс Харден (Хјустон) со триесет и шест поени, а од редовите на Лејкерс, најпрецизен, а воедно и единствен со дабл-дабл учинок беше Ентони Дејвис со дваесет и пет поени и четиринаесет скокови.



