Кембриџ Јунајтед ќе биде првиот англиски клуб што ќе ги прими навивачите на своите официјални компетитивни натпревари по паузата предизвикана од настанатата пандемија.
,,Аби Стадиум” ќе ги пречека навивачите најпрво на 8 септември, кога Фулам У21 ќе гостува во рамките на ЕФЛ Трофи, а потоа и на 12 септември, кога ќе гостува Карлајл во првото коло на Лиг 2.
На првиот натпревар, дозвола за влез ќе имаат илјада навивачи, додека на вториот, две и пол илјади луѓе ќе можат да ја следат играта од трибините.



