Продолжува сагата на Јута и Денвер, а воедно и одличните партии на Мареј и Митчел.
Имено, Денвер Нагетс, синоќа славеа над Јута Џез, со 107-119, доведувајќи ја меѓусебната серија до крајниот седми натпревар.
На овој меч, Јута имаше блага предност до средината на втората четвртина, а оттогаш, па сè до крајот, Денвер ја држеше резултатската позитива.
Најефикасен на мечот беше Џамал Мареј (Денвер) со педесет постигнати поени, односно шест повеќе од Донован Митчел (Јута). Никола Јокиќ постигна дваесет и два поени, а единствен кошаркар со дабл-дабл учинок беше Руди Гобер со единаесет поени и исто толку скокови.
,,Мајсторката” ќе се одигра на 2 септември во 2:30 часот по полноќ, а победникот, во четврт-финалето, ќе се соочи со ЛА Клиперс.



