Роналд Куман бара нови засилувања за Барселона, а во прв ред и план е мета напаѓачот на Олимпик Лион и негов сонародник, Мемфис Депај. Фудбалерот игра во одлична форма и не е за чудо што голем број на клубови се заинтересирани за неговите услуги.
Депај по трансферот од Манчестер Јунајтед во Лион игра драстично на повисоко ниво, а Барселона е спремна да понуди трампа помеѓу дефанзивецот Самуел Умтити за Депај. Се чека одговор на французите, но се чини дека каталонците ќе треба да се потрудат многу повеќе да понудат за да стигнат до реализација на зделката.



