На првиот контролен натпревар тимот на Хановер оствари висок триумф од +15 гола разлика со резултат од 42:27 против тимот на Хамбург. На дебито за новиот клуб, Филип Кузмановски постигна 8 гола иако немаше голема минутажа поради ротацијата во тимот.
Кузмановски има 24-години и ако продолжи со ова темпо на игра ќе игра важна улога во тимот и ќе напредува во својата кариера. Хановер во следниов период го очекува контролни натпревари против тимовите на: Минден, Лемго, Лубек и Магдебург.



