Кошаркарите на Портланд Трејл Блејзерс испаднаа од тимот на Лос Анџелес Лејкерс од Плејофот на НБА лигата по поразот од 131:122. Сепак најактрактивниот потег го имаа Блејзерси односно босанскиот репрезентативен центар, Јусуф Нуркиќ кој што во една акција и обид за забивање на МекЏи атрактивно го блокира и едноставно го залепи за таблата. На овој меч Нуркиќ имаше одличен учинок од 16 поени, 10 скока, 6 асистенција и 5 украдени топки за 37 минути поминати на паркетот.



