Спектакуларната серија од осум победи во низа на Вест Коуст Иглс, денес беше прекината од Ричмонд Тигерс.
Имено, Тигерс дојдоа до нивната трета последователна победа и тоа со резултат од (14.4) 88-61 (9.7).
Најефикасен играч во победничкиот состав беше Том Линч со три гола т.е. со осумнаесет поени, кој неочекувано доби дозвола за игра од комисијата на АФЛ, по инцидентот од претходното коло во којшто намерно го удри играчот на Есендон Бомберс – Мајкл Харли.
Од друга страна, уште двајца играчи на Вест Коуст постигнаа хет-трик – Џек Дарлинг и Лиам Рајан.
На табелата, Ричмонд е трети, а Вест Коуст петти, но Ричмонд има натпревар повеќе во однос на сите останати конкуренти.



