Европската ракометна федерација (ЕХФ) направи листа од 10 ракометни клубови, кои се најдобри за развој и напредок на ракометарите и ракометарките. Дури 5 од овие 10 клубови доаѓаат од Балканот. За најдобар расадник на ракометари е избран Целје од Словенија. Тоа не е случајно ако се знае дека последните години излегоа врвни репрезентативци на Словенија како Јанц, Маргуч и новиот супер-талент Домен Макуч.
10. Елверум 9. Порто 8. Алборг 7. Подравка 6. Барселона 5. Крим Меркатор 4. ППД Загреб 3. ФТЦ- Реил Карго Унгарија 2. Будуќност 1. Целје



