Вчера авантуристичкиот клуб Mountain Madness организира незаборавен викенд со многу авантура, забава и уживање. Планинарска тура до врвот Магаро и забава на плажата Бонанца. Акцијата започна со стартна точка на Липова Ливада на 1 600мнв. Патеката е во должина од 9км и во време траење од 5часа во двата правци. Во оваа авантура уживаа преку 300 планинари од цела држава кои уживаа во убавините на Галичица. Реализацијата на целиот настан беше помогната од Општина Охрид.
“15 години имав желба да ја видам Галичица вака посетена како денес. Преку 300 планинари од цела држава денес уживаа во убавините кои можеа да ги доловат од врвот Магаро. Kaчувањето беше посветено на лицата со мултиплeкс склероза. Голема благодарност до сите учесници и се гледаме повторно во уште поголем број” – изјави Танески Мишко еден од учесниците и предводниците на оваа прекрасна авантура.











