ЖФК Ас Унитед има стонастотен учинок по првите две кола од Прва ЖФЛ. Исто така победите се над две тетовски екипи, а најновата е против ЖФК Љуботен со резултат од 0:13.
Во фер и коректен натпревар своите шанси подобро ги искористи гостинската екипа каде што резултатот го отвори Илза Максути во 14 минута. Вториот и третиот гол на мечот се дело на Кристина Мојсоска, за потоа на сцена да стапи Максути со три нови погодоци, а резултатот на 0:7 на полувреме ги постави Сања Митреска.
Во второто полувреме кога веќе се знаеше победникот двете екипи заиграа уште поотворено и напаѓачки каде што стружанки постигнаа нови шест гола од кои што два гола постигна Села Веса, исто така два гола постигна Едина Сулејмани, а по еден гол им припадна на Кристина Мојсоска и Теодора Далческа.
Состав ЖФК Љуботен: Павлоска, Јованоска, Зафироска А, Бартон, Ѓеровска, Зафироска М, Митевска, Исајлоска, Петровска, Анѓелковска и Кочовска (К).
Состав ЖФК Ас Унитед: Речи, Положани, Митреска, Максути (К), Стеблева, Села, Цоклеска, Мојсоска, Илиеска, Сулејмани и Симоноска.
Стадион: Игралиште на АМС СЦ Тетово
Резултат: ЖФК Љуботен 0:13 ЖФК Ас Унитед



