ЛА Клиперс славеа со 122-130 над Далас Маверикс и поведоа со 2-1 во меѓусебната серија.
Каваи Ленард (Клиперс), со триесет и шест поени, беше најефикасен играч на мечот, а Лука Дончиќ (Далас) беше единствен со трипл-дабл учинок составен од тринаесет поени, десет скокови и десет асистенции, иако се здоби со повреда на глуждот поради којашто беше приморан да излезе од теренот. Воедно, Словенецот стана првиот играч на Маверикс со постигнат трипл-дабл во плејофот.



