Екипата на Дерби Каунти, минатата сезона, имаше потешкотии на голманската позиција. Токму од таа причина, тренерот Филип Коку се одлучи да го доведе искусниот Шкотланѓанец Дејвид Маршал.
35-годишниот голман потпиша двегодишен договор, а пристигна од редовите на Виган каде што бранеше една сезона и во сите натпреварувања забележа четириесет настапи. Во вториот дел од минатогодишната кампања, на десет натпревари од вкупни единаесет успеа да ја сочува својата мрежа и да не прими погодок.
За Шкотска е редовен репрезентативец со триесет и три досегашни настапи.
Освен за Виган, Маршал претходно настапуваше за Селтик, Кардиф и Хал Сити.



