Даниел Балоски (15 години, 188 cm) големиот кошаркарски талент од Струга од наредната сезона ќе ги брани боите на најтрофејниот Македонски кошаркарски клуб КК Работнички од Скопје.
Даниел Балоски иако со само 15 години прикажуваше одлични партии во младинска конкуренција во дресот на КК “Црн Дрим”од Струга па тоа беше причина нашите најдобри клубови да покажат интерес за него. Со преминот во гигант од реномето на Работнички се надеваме на уште поголем негов развој. Среќно Даниел!



