На отвореното ракометно игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај женска плажа во Струга овие денови (од 12 до 16 август) се игра 48-то издание на Струшкиот ракометен турнир кој поради пандемијата оваа година е само со Македонски екипи.
Во последниот денешен натпревар екипата на Вардар славеше против Бутел со 25-17 и закажа финале утре со Еурофарм Пелистер.

Претходно во вториот натпревар на 4. ден од 48. издание на Меѓународниот ракометен турнир заврши со резултат РК Струга 16:28 РК Еурофарм Пелистер.




