Херој на неделата е Мими Стојаноска од Струга која направи еден спортски подвиг – 1000 км., на точак за 1000 години Бигорски манастир. Имено, познатата спортистка, активиста и хуманистка, Мими Стојановска од Струга, во период од неколку дена извози 1000 км., на точак во чест на големиот Јубилеј, од кои последните 80 км., од Струга до Бигорски.




