Јован Талевски е нов ракометар на Еурофарм Пелистер 2. Минатата сезона прикажа одлични игри во тимот на Слобода од Тузла што беше причина Александар Јовиќ да го ангажира 25-годишниот среден бек. Во минатото Талевски играше и за Вардар Јуниор и Прилеп во Македонија, а беше член и на турскиот Јозгат Бозокспор. Минатото лето настапи за Струга на струшкиот ракометен турнир после кој замина во БИХ.
После потписот за новиот клуб Јован Талевски даде изјава за порталот www.javisejuzna.mk “После 4 години играње надвор од Македонија се враќам поискусен и многу мотивиран да се докажам и наметнам на Македонската ракометна јавност. Доаѓам во прав клуб со многу сериозни амбиции, со супер услови и се надевам на голем напредок во мојата кариера. Со своите игри се надевам брзо ќе се наметнам и во Македонската репрезентација.”



