Далас славеше по продолжението со 114-110 против Сакраменто во синоќешниот натпревар од НБА лигата. Фантастичен меч одигра Лука Дончиќ.

Словенечкиот репрезентативец со рекорден трипл-дабл влезе во историјата со 34 поени, 20 скокови и 12 асистенции, за 44 минути поминати на паркетот. Дончиќ стана најмладиот играч во историјата на НБА кој комплетираше најмалку 30 поени искомбинирани со 20 скокови.



