Јута Џез и Лос Анџелес Лејкерс се соочија синоќа по третпат во тековната сезона.
Во изедначен дуел, пред сè до средината на третата четвртина, Лејкерс изборија победа од 108-116 и со тоа го осигураа своето прво место на западот.
Ентони Дејвис (ЛА Лејкерс) и Руди Гобер (Јута) беа единствените играчи со дабл-дабл учинок. Дејвис забележа 42 поени, 12 скокови и 4 асистенции, додека Французинот постигна 16 поени, 13 скокови и 2 асистенции.
Најефикасен од тимот на Јута беше Донован Митчел со 33 поени, а ЛеБрон Џејмс уфрли 22.
Со сè овој пораз, Јута ја зазема петтата позиција со учинок од 42-25, додека Лејкерс имаат 51-15.



