1.Заврши убав период во ЖФК Драгон. Наместо пензија, се одлучи за нов предизвик- што беше пресудно ?
1. Нон стоп сум во тренажен процес и кога е пауза, јас тренирам. Осеќам дека можам да играм уште фудбал. Сеуште е тука желбата за успех. Стручниот штаб на Жфк Деспина со својот план и цели ме убедија да ги бранам боите на нивниот клуб.
2.Започнаа летните подготовки. Спремни ли сте за новата сезона и со какви амбиции ?
2. Уште пред припремите имавме програми кој што ни беа дадени да влеземе колку толку во ритам. Сега тренираме во полна пареа, има уште време да се доспремиме и да дојдеме во посакуваната форма и спремни фа го дочекаме почетокот на новата сезона.

3. Кои се вашите најголеми ривали во борба за титулата ?
3. Од година во година екипите растат, а со нив и апетитите за шампионската титула. Оваа година имаме доста конкуренција има повеќе добри екипи и мислам дека првенството ќе биде доста интересно.
4. Започнуваш и тренерска кариера во ФК Росоман. Во кој ранг на атпреварување е клубот ?
4. Фк Росоман успеа да обезбеди пласман во ВМФЛ, а јас како тренер со А лиценца се одлучив да помогнам.
5. Кои се целите за оваа сезона ?
5. Нашата екипа е најмладата екипа во лигата. Како екипа која што после долго време се натпреварува во 2 ра лига целта ни е да опстанеме и следната година во оваа лига. Работиме напорно добро да се спремиме да дојдеме до посакуваната форма. Одигравме две пријателски утакмици против Слога Виница, следна утакмица ни е против Фк Победа на домашен терен.
6. Како успеваш да се справиш со двата предизвици одеднаш ФК Росоман и ЖФК Деспина ?
6. Кога се има план а посебно желба за работа и успех може се да се постигне. Се надевам на добри сезони како со Жфк Деспина, така и со Фк Росоман.



