Стефан Колоски и новиот суперлигаш ГРК Тиквеш 2014 се договорија за меѓусебна соработка. Младиот ракометар од Струга се обврза на верност 1+1 година.
Колоски иако млад има настапувано во неколку клубови во Македонија помеѓу кои Струга, Бутел, Радовиш, Јуниор Кисела Вода…. Со Колоски стратегот на Томче Петревски добива поголем ростер за ротација на ракометарите.



