Адис Јаховиќ е најдобaр поединeц во тимот на Анталијаспор и на тешкото гостување против Газијантеспор со гол од пенал во 88. минута го израмна резултатот на 1:1 за поделба на бодовите од овој меч.
Тежина на овој погодок носи и фактот што тимот на Jаховиќ имаше играч помалку во поле поради црвен картон на негов соиграч. Ова е негов гол број 15 во првенството и го дели третото мeсто на листата на стрелци заедно со Муриќи од Фенербахче кој е косовки репрезентативец.



