Елиф Елмас игра во голема форма, а Наполи бележи одлични резултати. По освоениот куп трофеј, наполитанците дојдоа до нови три бода и триумф од 3:1 над Спал каде што за победничкиот тим стрелци беа Мертенс, Калјехон и Јунес, додека за гостите гол постигна Петања.
Асистент на голот на Кајлехон во 36 минута за водство во тој момент од 2;1 беше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој убаво се снајде пред шеснаесетникот и во вистинско време го пронајде својот соиграч кој прецизно стрелаше во противничката мрежа.



