Езџјан Алиоски постигна гол за 2:0 за својот Лидс против Фулам тим кој му е конкурент за местата кои водат во Премиер лигата, а македонскиот репрезентативен напаѓач влезе во игра на стартот на второто полувреме и со ефектен погодок во 56. минута го дуплира водството и го доближи клубот до нови три бода.
Алиоски остави впечаток освен со голот и со поздравот кој го упати кон празните трибини. Лидс со новиот триумф сега е на врвот на табелата со 74 бода пред второпласираниот ВБА со 71 бод. Првопласираните две екипи од Чемпионшип директно се пласираат во најдобрата Премиер лига во Англија.



