Драгана Костова наредната натпреварувачка сезона во Прва ЖФЛ ќе облече нов дрес и е прво летно големо шампионско засилување за ЖФК Деспина од Прилеп. Костова е една од најдобрите и најискусни фудбалерки во првенството, освен тоа беше и долгогодишен капитен на ЖФК Драгон од Скопје со кој освои неколку шампионски титули.

Костова е репрезентативен калибар има и интернационална успешна кариера, па после неколку сезони повторно се враќа во Прилеп за да помогне клубот да биде првак на Македонија и да учествува во квалификациите за Лига на шампиони. ЖФК Деспина веќе има квалитетен играчки кадар на спој на младост и искуство и наредна сезона заедно со Костова ќе атакуваат за шампионска титула.




