Македонскиот интернационалец Леонард Жута го раскина договорот со турски Коњаспор и се врати во редовите на шведски Хакен. Жута беше фудбалер на Хакен во периодот меѓу 2012 и 2015 година.
Жута беше дел и од екипата на Риека каде заедно со Стефан Ристовски во 2017 година стигна до двојната круна во Хрватска.



