Арсенал продолжува со кикс настапите и повторно загуби бодови овој пат против Брајтон иако водеа со 0:1 со голот на Пепе. Човекот кој го одбележа натпреварот е напаѓачот на домашните, Нил Мопе кој најпрвин пред крајот на првиот дел допринесе за повредата на првиот голман на ,,Топчиите”, Берн Лено кој потоа влета во физичка пресметка со Нил Мопе, а по завршувањето на средбата играчот на Арсенал Гендузи ги фати за врат домашниот напаѓач кој пред тоа постигна победнички гол за нови три бода за Брајтон.



