Во единствениот денешен АФЛ натпревар, Хоторн Хокс ги совладаа актуелните шампиони, Ричмонд Тигерс, со (5.9) 39-71 (11.5). Во тимот на „Тигрите“ ништо не функционираше како што треба, а освен отсуството на капитенот Дастин Мартин, огромен хендикеп беше и неефикасноста на минатогодишното засилување – Том Линч.
27-годишниот напаѓач, на денешниот меч, постигна само седум поени односно еден гол и еден бихајнд. За резилот да биде уште поголем. Австралиецот промаши невозможен пенал во четвртата четвртина (наместо гол, постигна бихајнд) со што предизвика потсмев во австралиската јавност.



