Левиот бек Стефан Колоски кој во пролетниот дел од сезоната го носеше дресот на Тиквеш од Кавадарци не се договори за продолжување на соработката.
Во моментов тој е слободен играч. Во кариерата има настапувано за повеќе клубови помеѓу кои Струга, Бутел, Радовиш, Јуниор Кисела Вода…… Има неколку понуди, но за што ќе се одлучи овој млад ракометар останува да видиме во наредните денови.



