Денес беше одржано гласањето во кое учествуваа сите клубови од Лиг 1 (третата англиска лига) каде што се одлучи исходот на сезоната 2019/20.
Крајниот пласман на тимовите, според гласовите, ќе биде одреден по ситемот на поени по натпревар. Судејќи по ова, нов шампион на третата лига, покрај сите непогоди во клубот, е Ковентри. „Сините“ ја освоија третата лига по вторпат во својата историја односно првпат после сезоната 1963/64.
Освен Ковентри, директна промоција во Чемпионшип избори и Ротерам Јунајтед.
Во плејофот ќе се натпреваруваат тимовите кои, според калкулациите, ги заземаат третата, четвртата, петтата и шестата позиција односно Викомб Вондерерс, Оксфорд Јунајтед, Портсмут и Флитвуд Таун.
Што се однесува до релегацијата, наредната сезона во Лиг 2 ќе се натпреваруваат Транмер, Саутенд и Болтон.
Како потсетување, од Лиг 2, директна промоција изборија Свиндон, Кру Александра и Плимут Таун, додека во плејофот ќе се соочат Колчестер и Ексетер односно Нортемптон и Челтенам.



