Четвртото коло од овогодинешната НРЛ сезона го затворија екипите на Кантербери Булдогс и Ст. Џорџ Илавара Драгонс. Двете екипи, во првите три кола забележаа три порази, така што овој натпревар го красеше епитетот „дерби на дното“.
Кантербери беше благ аутсајдер, но сепак успеа убедливо да слави над денешниот соперник. Имено, резултатот изнесуваше 22-2. Најпрво, Ст. Џорџ поведе со 0-2 преку пеналот на Ломакс, а во продолжение следуваше рапсодија на Булдогс. Од победничкиот тим, само три играчи се запишаа во листата на стрелците – Елиот и Смит со по еден есеј односно Мини со еден есеј, три конверзии и два пенали.
За Ст. Џорџ Илавара дебитираше Адам Клун кој токму на денешен ден го прослави и својот 25. роденден.
На табелата, Кантербери успеа да се одлепи од дното, а неговото место го презема Ст. Џорџ кој воедно е единствениот тим без ниту еден освоен поен.



