Првата Хронометар атлетска трка „HalkEco Хронометар“ 10KМ, која е во организација на Сојузот на спортови на Скопје и Атлетскиот клуб „Работнички“ од Скопје и со поддршка на Халкбанк како генерален покровител, ќе се одржи сабота (13 јуни).
Дел од учесниците на оваа трка ќе бидат најдобрите Македонски атлетичари помеѓу кои и најдобриот Македонски маратонец Александар Кираџиев кој специјално за порталот www.javisejuzna.mk даде своја изјава во пресрет на трката зa неговите очекувања како и за очекувањата на сите членови на Kiradjiev Training Systems кои ќе бидат дел од трката:
“Со оглед на целокупниот прекин на пролетната атлетска сезона, моделот на тренажниот процес малку го видоизменивме и адаптиравме на кактуелната ситуација и евентуалните трки во брзо време. Во сабота не очекува првата трка оваа сезона – Хронометар 10км. Земајќи ја во предвид актуелната форма, атакувам на трка под 33 минути и нема да ме изненади доколку се случи. Биљана следствено на тренинзите, демонстрира форма за под 37 минути. Уште двајца тркачи од Kiradjiev Training Systems ќе трчаат во сабота. Александар Петров исто така атакува на резултат под 37 минути, додека пак за Игор Јовевски ова ќе биде прва 10ка, па ќе видиме како ќе ја стартува натпреварувачката сезона. Поздрав до вас, но и до читателите на Јави се јужна и благодарност што ги промовирате нашите атлетски случувања.”



