Големата економска криза по пандемијата со вирусот го зафати и кошаркарскиот клуб Фенербахче од Истанбул. Први на удар кои заминуваат се србинот Никола Калиниќ, Џофри Ловерњ и Дерик Вилијамс. Место нив ќе се побара поефтина замена.

Во вториот бран заминуваат плејмејкерот Костас Слукас кој се има договорено со Олимпијакос, потоа Џиџи Датоме кој ќе заигра за Армани и Лео Вестерман кој заминува во Асвел. Заминувањата на главните ѕвезди на тимот ќе го натераат на размислување на тренерот Жељко Обрадовиќ и тој да ја побара излезната врата од Фенербахче.



