На Светската таеквондо ранг листа тројца македонски репрезентативци во јуниорска конкуренција се во светскиот врв, за кои 2019 година беше повеќе од успешна. На Ранг листата што беше објавена на 1 јуни се најдоа Дамјан Трајковски, Мила Рељиќ и Флип Стаменов.
Дамјан Трајковски од ТК Кобра во категорија над 78 кг се наоѓа на четвртото место на Светската ранг листаа. Милијана – Мила Релиќ од ТК Тигри (-67 кг) е на петото место. Филип Стаменов од ТК Бутел (-78 кг) е седмото место на Светската ранг листа.



