Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје и Атлетски Клуб “Работнички“ од Скопје, на 13 Јуни 2020 (сабота) ќе се одржи првата Хронометар атлетска трка на 10 км.
Заради состојбите со Корона вирусот оваа трка ќе ги почитува препораките од Владата и протоколите од Комисијата за заразни болести.
Долж патеката ќе има освежување и медицински екипи на велосипед, а на целта ќе има и амбулантно возило. Во зоната на старт/цел, под мостот “Гоце Делчев“, ќе бидат поставени мобилни тоалети и мобилни чешми, и средства за дезинфекција на раце. Сите лица кои ќе бидат вклучени во организацијата ќе носат заштитни маски и ќе ги почитуваат мерките за држење дистанца, а ќе биде организирана и редарска служба.
Ќе има озвучување за читање на стартна листа и редоследот на влегување во бокс. Публика нема да има, групирање на натпреварувачите пред и после трката нема да биде дозволено. Резултатите и следење на учесниците ќе може да се видат во живо преку нашата веб страна и социјалните мрежи. Секој натпреварувач на својот стартен број ќе има баркод (Pic2Go) за полесно наоѓање и добивање на своите фотографии од трката, кои автоматски ќе се споделат на нивните Facebook профили со претходно пријавување на одреден линк. Носење на заштитна маска за лице е задолжително, освен кога натпреварувачот ќе ја трча трката.
- ДАТУМ – 13 јуни 2020 (сабота)
- МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ И ПАТЕКА – Стартот и целта се на кејот на Вардар (под мостот “Гоце Делчев“). Се трча во правец на Каппрош 4 и назад.
- ПРИЈАВУВАЊЕ – Пријавувањето започнува на 27 мај 2020, и ќе трае до пополнување на предвидениот број на учесници, 360.
- СТАРТ – Индивидуално, секој стартува според времето кое го одбрал при процесот на пријавување. Првиот натпреварувач стартува во 06:30:00, последниот во 09:30:00. Временскиот интервал на старт помеѓу секој натпреварувач е 30 секунди.
- ПОДИГАЊЕ НА СТАРТНИ БРОЕВИ – Стартните броеви се подигаат 15 минути пред стартното време на секој натпреварувач. Треба да се покаже потврда за регистрација или документ за лична идентификација. Носење на заштитна маска за лице е задолжителна.
- НАГРАДИ – Првите 5 места според чип време во машка и женска конкуренција ќе бидат парично наградени.
1 место – 6.000 ден.
2 место – 5.000 ден.
3 место – 4.000 ден.
4 место – 3.000 ден.
5 место – 2.000 ден. - ФОТОГРАФИИ ОД ТРКАТА – Доколку сакате да ги добиете вашите фотографии од трката, се што треба е да ја активирате апликацијата на PIc2Go Macedonia. Како да го сторите тоа ќе дознаете доколку кликнете тука
За сите детали околу трката, погледнете на официјалниот сајт тука.



