Кире Лазаров години наназад е меѓу најдобрите ракометни ѕвезди, а освен тоа влегува во конкуренција и како еден од најплатените ракометари на Стариот континент. Лазаров во француски Нант месечно заработува 30.000 евра.
Сепак има пред него што заработуваат повеќе и тоа: Микел Хансен (ПСЖ) 120.000 евра, по 100.000 евра заработуваат Никола Карабатиќ исто така од ПСЖ и данецот во дресот на Фуксе Берлин, Ханс Линдберг.

Лука Карабатиќ има месечна плата од 75.000 евра, француските репрезентативни крила Лук Абало има плата од 85.000 евра, а Мишел Гигу 80.000 евра, додека во Барселона по 50.000 ерва заработуваат, Раул Ентрериос, Алеш Гомез и Аитор Арињо.
Сепак оваа листа која ја објави „Спортекз“ не е целосна бидејќи, нема информација колку заработуваат ракометните ѕвезди во Веспрем, Вардар, Виве Кјелце, Кил и други тимови.



