По состанокот кој го имаше бордот на Евролигата најелитното кошаркарско натпреварување во Европа, одлучено е во следната натпреварувачка сезона 2020/2021 година да настапуваат истите екипи од оваа тековна сезона, која беше прекината поради пандемијата со вирусот Ковид 19. Со овааа одлука свој бенефит има Црвена Звезда која што и догодина ќе игра во елитната Евролига.
Во Туркиш Ерлајнс Евролига ќе настапат следниве 18 клубови и тоа: Алба Берлин, Анадолу Ефес, Армани Милано, Црвена Звезда, ЦСКА Москва, Барселона, Баерн Минхен, Фенербахче, Химки, Басконија Викторија, Асвел, Макаби Тел Авив, Олимпијакос, Панатинаикос, Реал Мадрид, Валенсија, Жалгирис Каунас и Зенит Санкт Петерзбург.




