На 11. јуни продолжува шпанското првенство, а продолжението ќе биде отворено со големото градско дерби од 22.00 часот помеѓу Севилја и Реал Бетис, најави првиот човек Хавиер Тебас.
Како ли само ќе се воспостави ред и договор кога двете навивачки групи ќе сакаат да го подржат својот миленик во борба на тоа големо дерби, а од друга страна премиерот на Шпанија Педро Санчез даде зелено светло за продолжението на фудбалската сезона, но без присуство на публика, зголемени мерки за безбедност и регулирање и ограничен број на медиуми на стадионите.



